слепило

Именка, среден род

Само во еднина.

Значење на слепило:

1. Потполн или делумен, привремен или траен недостаток, немање вид. Слепилото настанало како последица на зголемен шеќер во крвта.

2. (прен.) Неспособност да се согледа, да се сфати суштината на нешто, заслепеност. Политичко слепило. Религиозно слепило.

Фразеолошки израз / поговорка:

Кокошкино слепило ‒ (мед.) Болест на окото при која болниот не гледа во мрак. Снежно слепило ‒ заслепеност од снежната белина. Слепило за бои ‒ (мед.) Неможност за разликување на некои бои; далтонизам.

Оригинални податоци:

слепило (само едн.) ср. 1. Потполн или делумен, привремен или траен недостаток, немање вид. Слепилото настанало како последица на зголемен шеќер во крвта. 2. (прен.) Неспособност да се согледа, да се сфати суштината на нешто, заслепеност. Политичко слепило. Религиозно слепило. ◊ Кокошкино слепило ‒ (мед.) Болест на окото при која болниот не гледа во мрак. Снежно слепило ‒ заслепеност од снежната белина. Слепило за бои ‒ (мед.) Неможност за разликување на некои бои; далтонизам.