слезе

Глагол, свршен

Значење на слезе:

1. Се спушти, се симне од повисоко место на пониско. Војската слезе в град. Цело попладне работеше на таванот и дури попладне слезе. Планинарите слегоа од планината. Слезе по скали.

2. Се симне од превозно средство или од добиток што служи за превезување; симне 2. Бабата полека слезе од автобусот. Сите војници слегоа од камионот. Слеговме од возот точно во три часот. Тој сам слезе од коњот.

3. (прен.) За атмосферска и др. природна појава ‒ падне, се спушти. Маглата слезе полека во градот. Сонцето слезе зад ридот.

Коњугација: (ќе) слезеа , (ќе) слезев , (ќе) слезел , слегле , слегоа , слегов , слезат , слезен, слезете , слези .

Фразеолошки израз / поговорка:

И Гопод да слезе од небото (нема да ти помогне) ‒ безнадежност, никој не може да помогне. Само што слегол од гранка (жарг.) ‒ многу некултурен, див човек. Срцето му слезе во петици ‒ многу се уплаши. Слезе од коњ на магаре ‒ в. магаре.

Оригинални податоци:

слезе, слезат; слези, слезете; слегов, слегоа; слегле; (ќе) слезев, (ќе) слезеа; (ќе) слезел; слезен св. 1. Се спушти, се симне од повисоко место на пониско. Војската слезе в град. Цело попладне работеше на таванот и дури попладне слезе. Планинарите слегоа од планината. Слезе по скали. 2. Се симне од превозно средство или од добиток што служи за превезување; симне 2. Бабата полека слезе од автобусот. Сите војници слегоа од камионот. Слеговме од возот точно во три часот. Тој сам слезе од коњот. 3. (прен.) За атмосферска и др. природна појава ‒ падне, се спушти. Маглата слезе полека во градот. Сонцето слезе зад ридот. ◊ И Гопод да слезе од небото (нема да ти помогне) ‒ безнадежност, никој не може да помогне. Само што слегол од гранка (жарг.) ‒ многу некултурен, див човек. Срцето му слезе во петици ‒ многу се уплаши. Слезе од коњ на магаре ‒ в. магаре.