сличен
Значење на сличен:
1. Што личи на некого, што личи на нешто. Слични фустани. Слични слики. Слични прашања ме измачуваа. Песни со слични мотиви.
2. Приближно, таков каков што е тој за кој се зборува. Слични случаи. Сличен однос.
Членувана форма: сличниот.
Изведени зборови:
- слично, прил. Се згрчи слично на птица. Зборуваше слично како татко му.
- сличност, и. ж. Наоѓаше сличности во неговите постапки со оние на мајка си. Тоа укажува на сличностите меѓу нив.
Оригинални податоци:
сличен, сличниот прид. 1. Што личи на некого, што личи на нешто. Слични фустани. Слични слики. Слични прашања ме измачуваа. Песни со слични мотиви. 2. Приближно, таков каков што е тој за кој се зборува. Слични случаи. Сличен однос. ‖ слично прил. Се згрчи слично на птица. Зборуваше слично како татко му. ‖ сличност, мн. сличности ж. Наоѓаше сличности во неговите постапки со оние на мајка си. Тоа укажува на сличностите меѓу нив.