слика

Глагол, несвршен

Значење на слика:

1. Создава, црта слика со молив, туш, бои и сл. Тој слика мртва природа. Во слободните часови сликам.

2. (разг.) Фотографира. Папараците со гурманска страст ги сликаат познатите личности. Многу ги сликав децава кога беа мали.

3. (прен.) Опишува со зборови, во слики, усно или писмено. Тој го слика животот на градската средина. Го слика човекот изгубен во универзумот.

Коњугација: сликаат.

Изведени зборови:

  • се ~ слика, 1. Го црта својот лик. Уметник се слика самиот себеси гледајќи се во огледало. 2. Се фотографира. Се сликав за лична карта. Децата се сликаа за пасош.
  • сликање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

слика, сликаат несв. 1. Создава, црта слика со молив, туш, бои и сл. Тој слика мртва природа. Во слободните часови сликам. 2. (разг.) Фотографира. Папараците со гурманска страст ги сликаат познатите личности. Многу ги сликав децава кога беа мали. 3. (прен.) Опишува со зборови, во слики, усно или писмено. Тој го слика животот на градската средина. Го слика човекот изгубен во универзумот. ● се ~ 1. Го црта својот лик. Уметник се слика самиот себеси гледајќи се во огледало. 2. Се фотографира. Се сликав за лична карта. Децата се сликаа за пасош. ‖ глаг. им. сликање ср.