слика

Именка, женски род

Значење на слика:

1. Уметничко дело изработено во боја на платно, хартија, картон, стакло и сл. Слика во масло на платно. Неговата последна слика достигна висока цена.

2. Фотографија, филмска снимка. Ги гледавме сликите од свадбата. Ја носеше нејзината слика в пазува. Црно-бели слики.

3. (прен.) Тоа што може да се види, да се претстави, изглед, пејзаж, панорама; предмет, лик и др. Слика од паркот. Слика на градот. Слика на залезот на сонцето.

4. Опис на место, состојба и сл. во книжевно дело. Авторот дава слика на нашето село од минатиот век. Во неговата поезија наоѓаме идилична слика на природата. Страотна беше сликата на осакатени луѓе.

5. Општа состојба на нешто, претстава за нешто изразена сликовито. Нема јасна слика како ќе изгледа тоа. Верна слика на револуционерот. Митски слики.

6. (лит.) а) Книжевно прозно дело од помал обем, скица, цртичка. б) Во драмско дело ‒ дел од чин што бара промена на декорација. Прва слика од вториот чин. Завршна слика.

7. (мед.) Опис на здравствена состојба. Крвна слика.

8. (мат.) Геометриски цртеж. Геометриска слика на прав агол.

Множина: слики.

Изведени зборови:

  • сликиче, и. ж. мн. сликичиња, сликче, мн. сликчиња, сликце, мн. сликца ср.; сликичка, мн. сликички дем и хип.

Оригинални податоци:

слика, мн. слики ж. 1. Уметничко дело изработено во боја на платно, хартија, картон, стакло и сл. Слика во масло на платно. Неговата последна слика достигна висока цена. 2. Фотографија, филмска снимка. Ги гледавме сликите од свадбата. Ја носеше нејзината слика в пазува. Црно-бели слики. 3. (прен.) Тоа што може да се види, да се претстави, изглед, пејзаж, панорама; предмет, лик и др. Слика од паркот. Слика на градот. Слика на залезот на сонцето. 4. Опис на место, состојба и сл. во книжевно дело. Авторот дава слика на нашето село од минатиот век. Во неговата поезија наоѓаме идилична слика на природата. Страотна беше сликата на осакатени луѓе. 5. Општа состојба на нешто, претстава за нешто изразена сликовито. Нема јасна слика како ќе изгледа тоа. Верна слика на револуционерот. Митски слики. 6. (лит.) а) Книжевно прозно дело од помал обем, скица, цртичка. б) Во драмско дело ‒ дел од чин што бара промена на декорација. Прва слика од вториот чин. Завршна слика. 7. (мед.) Опис на здравствена состојба. Крвна слика. 8. (мат.) Геометриски цртеж. Геометриска слика на прав агол. ‖ сликиче, мн. сликичиња, сликче, мн. сликчиња, сликце, мн. сликца ср.; сликичка, мн. сликички ж. дем и хип.