слобода
Значење на слобода:
1. (филоз., соц.) Можност за независно, недетерминирано, автономно формирање на сопствена волја и дејствување без постоење на принуда или притисок; можност на човекот да ги оствари своите цели и стремежи. Граѓанска слобода. Слобода на вероисповед. Слобода на волјата. Слобода на движење. Слобода на мислење. Слобода на личноста.
2. Отсуство на политичко и економско ропство, независност и сувереност. Национална слобода. Борба за слобода. Борец за слобода. Правна слобода. Социјална слобода.
3. Состојба на тој што не е затворен. Лишен од слобода. Срнчето го пуштија на слобода. Пуштен на слобода.
4. Можност за дејствување во некоја област без ограничување и притисок од секаков вид. Слобода на печатот. Слободна трговија.
5. Непринуденост во држењето, во однесувањето, отсуство на врзаност. Имаше преголема слобода во однесувањето кон колегите. Имаше слобода да прави што сака. И остави полна слобода на ќерка си во изборот на својата професија.
Множина: слободи.
Изведени зборови:
- слободица, и. ж. мн. слободици; слободичка, мн. слободички дем. и хип. ◊ Своја куќичка ‒ своја слободичка ‒ дома човек си се чувствува најслободен.
Фразеолошки израз / поговорка:
Академска слобода ‒ принцип на слобода на науката и наставата на универзитетите во однос на надворешни влијанија од страна на државата (власта, црквата и сл.). Поетска слобода ‒ можност на поетот, писателот да отстапи од граматичките или од јазичните правила поради стилски причини. Слобода или смрт ‒ парола на македонските борци за слобода. Смрт на фашизмот ‒ слобода на народот ‒ парола на борците за слобода во Втората светска војна.
Оригинални податоци:
слобода, мн. слободи ж. 1. (филоз., соц.) Можност за независно, недетерминирано, автономно формирање на сопствена волја и дејствување без постоење на принуда или притисок; можност на човекот да ги оствари своите цели и стремежи. Граѓанска слобода. Слобода на вероисповед. Слобода на волјата. Слобода на движење. Слобода на мислење. Слобода на личноста. 2. Отсуство на политичко и економско ропство, независност и сувереност. Национална слобода. Борба за слобода. Борец за слобода. Правна слобода. Социјална слобода. 3. Состојба на тој што не е затворен. Лишен од слобода. Срнчето го пуштија на слобода. Пуштен на слобода. 4. Можност за дејствување во некоја област без ограничување и притисок од секаков вид. Слобода на печатот. Слободна трговија. 5. Непринуденост во држењето, во однесувањето, отсуство на врзаност. Имаше преголема слобода во однесувањето кон колегите. Имаше слобода да прави што сака. И остави полна слобода на ќерка си во изборот на својата професија. ◊ Академска слобода ‒ принцип на слобода на науката и наставата на универзитетите во однос на надворешни влијанија од страна на државата (власта, црквата и сл.). Поетска слобода ‒ можност на поетот, писателот да отстапи од граматичките или од јазичните правила поради стилски причини. Слобода или смрт ‒ парола на македонските борци за слобода. Смрт на фашизмот ‒ слобода на народот ‒ парола на борците за слобода во Втората светска војна. ‖ слободица, мн. слободици; слободичка, мн. слободички ж. дем. и хип. ◊ Своја куќичка ‒ своја слободичка ‒ дома човек си се чувствува најслободен.