слободен

Придавка

Значење на слободен:

1. Што не е покорен, поробен, што не под нечија власт; независен, самостоен. Слободна држава. Слободен народ. Слободен живот. Слободна територија.

2. Што е на слобода, што не е затворен (под казна, во затвор и сл.), што не е лишен од слобода. Сега е конечно слободен, надвор од занданата.

3. Што располага сам со себе, неконтролиран, неограничуван, што ги ужива човековите права лични, политички и други права и слободи. Слободен човек. Слободна волја. Слободно изразување на мислењето. Слободен избор. Слободна љубов. Слободен живот.

4. Што се одвива без пречки, што не е забранет. Слободен пристап до сите податоци. Патиштата се слободни. Слободен премин. Слободна посета.

5. Што се извршува лесно, беа тешкотии. Слободно дишење. Слободно ракување (со машина). Слободно движење на раката.

6. Што не се стеснува, природен, непринуден. Слободно држење.

7. Што не е зафатен со некаква работа. Попладне сум слободен, ќе дојдам.

8. Што не е пополнет, што не е заземен, што може да се користи. Слободна маса. Слободно место. Слободен телефон. Слободен стан. Немам слободна рака да ги фатам торбите.

9. Бесплатен. Влез слободен. Слободен примерок. Слободна карта за автобус.

10. Што е без обврска (во разни контексти: Слободен маж/жена ‒ што не е во брак, слободен работник / лекар ‒ невработен, слободен играч ‒ резервен, што не е вклучен во игра, итн.).

Членувана форма: слободниот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Слободен уметник ‒ уметник кој живее од хонорарот за својата работа. Со слободно око ‒ без мерење. Црта со слободна рака ‒ без инструменти. Слободно паѓање (физ.) ‒ вертикално движење на телата под дејство на Земјината тежа. Слободен превод ‒ превод кој не настојува прецизно да одговара на оригиналот. Слободен стих (литер.) ‒ стих кој нема рима и не е по правилата за версификација. Слободен стил (спорт.) ‒ во некои спортови ‒ начин на играње кој не е ограничен со никакви правила, на пр. во борење, во пливање и др. Слободен удар (спорт.) ‒ Казнен удар со топка што се досудува поради прекршок на играч, најчесто во фудбал, или игри со топка. Слободна економска зона (екон.) ‒ дел од територијата на една држава ослободен од царински давачки. Слободен ѕидар ‒ в. масон. Слободен ден ‒ без работни обврски, без обврска да се биде на работното место.

Оригинални податоци:

слободен, слободниот прид. 1. Што не е покорен, поробен, што не под нечија власт; независен, самостоен. Слободна држава. Слободен народ. Слободен живот. Слободна територија. 2. Што е на слобода, што не е затворен (под казна, во затвор и сл.), што не е лишен од слобода. Сега е конечно слободен, надвор од занданата. 3. Што располага сам со себе, неконтролиран, неограничуван, што ги ужива човековите права лични, политички и други права и слободи. Слободен човек. Слободна волја. Слободно изразување на мислењето. Слободен избор. Слободна љубов. Слободен живот. 4. Што се одвива без пречки, што не е забранет. Слободен пристап до сите податоци. Патиштата се слободни. Слободен премин. Слободна посета. 5. Што се извршува лесно, беа тешкотии. Слободно дишење. Слободно ракување (со машина). Слободно движење на раката. 6. Што не се стеснува, природен, непринуден. Слободно држење. 7. Што не е зафатен со некаква работа. Попладне сум слободен, ќе дојдам. 8. Што не е пополнет, што не е заземен, што може да се користи. Слободна маса. Слободно место. Слободен телефон. Слободен стан. Немам слободна рака да ги фатам торбите. 9. Бесплатен. Влез слободен. Слободен примерок. Слободна карта за автобус. 10. Што е без обврска (во разни контексти: Слободен маж/жена ‒ што не е во брак, слободен работник / лекар ‒ невработен, слободен играч ‒ резервен, што не е вклучен во игра, итн.). ◊ Слободен уметник ‒ уметник кој живее од хонорарот за својата работа. Со слободно око ‒ без мерење. Црта со слободна рака ‒ без инструменти. Слободно паѓање (физ.) ‒ вертикално движење на телата под дејство на Земјината тежа. Слободен превод ‒ превод кој не настојува прецизно да одговара на оригиналот. Слободен стих (литер.) ‒ стих кој нема рима и не е по правилата за версификација. Слободен стил (спорт.) ‒ во некои спортови ‒ начин на играње кој не е ограничен со никакви правила, на пр. во борење, во пливање и др. Слободен удар (спорт.) ‒ Казнен удар со топка што се досудува поради прекршок на играч, најчесто во фудбал, или игри со топка. Слободна економска зона (екон.) ‒ дел од територијата на една држава ослободен од царински давачки. Слободен ѕидар ‒ в. масон. Слободен ден ‒ без работни обврски, без обврска да се биде на работното место.