слога 1

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на слога:

Целосна согласност во мислењето, постапките, желбите меѓу луѓето, поклопување на чувствата и волјата помеѓу две или повеќе лица. Живееја во слога и разбирање. Мир, љубов и слога посакуваа сите. Имаа слога во семејството.

Фразеолошки израз / поговорка:

Кај има слога, има и бога ‒ кај што луѓето се сложни, имаат напредок.

Оригинални податоци:

слога1 (само едн.) ж. Целосна согласност во мислењето, постапките, желбите меѓу луѓето, поклопување на чувствата и волјата помеѓу две или повеќе лица. Живееја во слога и разбирање. Мир, љубов и слога посакуваа сите. Имаа слога во семејството. ◊ Кај има слога, има и бога ‒ кај што луѓето се сложни, имаат напредок.