слој
Значење на слој:
1. Дел од некоја материја што се наоѓа по површината или меѓу други такви делови, пласт. Намачка тенок слој путер. Се нанесува еден слој малтер. Тенок слој асфалт. Лековитите билки се сушат во тенки слоеви на провев.
2. (прен.) Наслојки, делови во сферата на духовното, апстрактното. Лексички слој на турцизми. Во неговиот расказ среќаваме два слоја: религиозен и фолклорен. Културолошки слој. Лирски слој на песната.
3. (прен.) Група луѓе со еднородни признаци (социјални, културни и др.). Тоа е најсиромашниот слој население. Широките народни слоеви. Првиот слој доселеници биле поранешни номади. Образован слој. Среден слој од населението.
Множина: слоеви.
Оригинални податоци:
слој, мн. слоеви м. 1. Дел од некоја материја што се наоѓа по површината или меѓу други такви делови, пласт. Намачка тенок слој путер. Се нанесува еден слој малтер. Тенок слој асфалт. Лековитите билки се сушат во тенки слоеви на провев. 2. (прен.) Наслојки, делови во сферата на духовното, апстрактното. Лексички слој на турцизми. Во неговиот расказ среќаваме два слоја: религиозен и фолклорен. Културолошки слој. Лирски слој на песната. 3. (прен.) Група луѓе со еднородни признаци (социјални, културни и др.). Тоа е најсиромашниот слој население. Широките народни слоеви. Првиот слој доселеници биле поранешни номади. Образован слој. Среден слој од населението.