слоши (ми) се
Значење на слоши (ми) се:
Стане лошо некому. Малку ми се слоши, но сега ми е подобро. Му се слоши зашто многу испи. Им се слоши, па излегоа надвор на воздух.Конјугација: (им) се слоши.
Изведени зборови:
- (ми) се слошува, глаг. несв. (им) се слошува
- слошување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
слоши (ми) се, (им) се слоши св. (само во 3 л.) Стане лошо некому. Малку ми се слоши, но сега ми е подобро. Му се слоши зашто многу испи. Им се слоши, па излегоа надвор на воздух. ‖ (ми) се слошува, (им) се слошува несв. ‖ глаг. им. слошување ср.