сложен
Значење на сложен:
1. Што се состои од неколку дела, елементи; прост. Сложена реченица. Сложени зборови.
2. Што претставува збир од различни делови, односи, врски, што обединува во себе различни страни; едноставен. Сложени односи. Сложен процес.
3. Што е тежок за разбирање, решавање, остварување. Сложено прашање. Сложен проблем. Сложена ситуација. Сложена операција.
Членувана форма: сложениот.
Изведени зборови:
- сложеност, и. ж.
Оригинални податоци:
сложен, сложениот прид. 1. Што се состои од неколку дела, елементи; спрот. прост. Сложена реченица. Сложени зборови. 2. Што претставува збир од различни делови, односи, врски, што обединува во себе различни страни; спрот. едноставен. Сложени односи. Сложен процес. 3. Што е тежок за разбирање, решавање, остварување. Сложено прашање. Сложен проблем. Сложена ситуација. Сложена операција. ‖ сложеност ж.