сложи
Значење на сложи:
1. Подреди на едно место по определен ред разни предмети. Стариот ги сложи дрвата во визбата.
2. Состави делови на нешто (апарат, машина и сл.). Мајсторот ги сложи деловите од машината за перење.
3. Во печатница ‒ набере текст за печатење. Печатницата ќе го сложи тој текст денес.
4. Наведе на спогодба, спогоди, помири скарани страни и сл. Ги сложи некако скараните страни.
Конјугација: сложат.
Изведени зборови:
- се ~ сложи, 1. Се согласи, се спогоди. Тој се сложи да ја понесе пратката за соседите. Девојчето не се сложи да ја викне сестра си. 2. Заемно се согласи. Тој се сложи со мене дека овој текст е добар. Повеќето од мажите се сложија со предлогот дека треба да одат во шумата. Децата се сложија да одат на базен. 3. Се поклопи едно со друго. Сметките се сложија. На крајот резултатите се сложија. 4. За бои ‒ одговара едно на друго. Зелената убаво се сложува со сината и виолетовата.
- (се) сложува, глаг. несв. (се) сложуваат
- сложување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
сложи, сложат св. 1. Подреди на едно место по определен ред разни предмети. Стариот ги сложи дрвата во визбата. 2. Состави делови на нешто (апарат, машина и сл.). Мајсторот ги сложи деловите од машината за перење. 3. Во печатница ‒ набере текст за печатење. Печатницата ќе го сложи тој текст денес. 4. Наведе на спогодба, спогоди, помири скарани страни и сл. Ги сложи некако скараните страни. ● се ~ 1. Се согласи, се спогоди. Тој се сложи да ја понесе пратката за соседите. Девојчето не се сложи да ја викне сестра си. 2. Заемно се согласи. Тој се сложи со мене дека овој текст е добар. Повеќето од мажите се сложија со предлогот дека треба да одат во шумата. Децата се сложија да одат на базен. 3. Се поклопи едно со друго. Сметките се сложија. На крајот резултатите се сложија. 4. За бои ‒ одговара едно на друго. Зелената убаво се сложува со сината и виолетовата. ‖ (се) сложува, (се) сложуваат несв. ‖ глаг. им. сложување ср.