случај
Значење на случај:
1. Тоа што се случило, настан, случка. Целиот случај го изнесе пред полицаецот. Извонреден случај. Исклучителен случај. Смртен случај. Несреќен случај.
2. Појава, изразување на нешто; пример 2. Таков е случајот со него. Мојот случај е многу редок. Ова е само еден од многубројните случаи на неправда.
3. Удобен, згоден момент; прилика 3. Го искористи случајот.
4. Случајност. Среќен случај. Го остави на случајот. Ако дојде по некој случај.
5. (прав.) а) Штетен, непредвиден настан или човеково дејствие што не може да му се впишат во вина на определено лице, односно на субјектите во правниот однос. б) Предмет што се води во судска постапка. Случајот ќе биде обновен.
Множина: случаи.
Фразеолошки израз / поговорка:
Во краен случај ‒ како последна мерка, како последно средство што би се применило, последна можност. Во најдобар (најлош) случај ‒ во најдобар (најлош) момент. Во никој (никаков) случај ‒ при никакви услови, безусловно, никогаш. Во секој случај ‒ секако, бездруго, сигурно. Во случај да .. ‒ ако се случи ..... Во спротивен случај ‒ спротивно од тоа што е посочено. За секој случај ‒ ако се јави потреба од нешто. Игра на случајот ‒ неочекуван пресврт во текот на настаните. Тежок случај ‒ нешто што претставува голема тешкотија, нешто што е тешко за разрешување. По случај на ‒ во конретниот момент. Социјален случај ‒ лице што не е во состојба да обезбеди самостојно средства за егзистенција.
Оригинални податоци:
случај, мн. случаи м. 1. Тоа што се случило, настан, случка. Целиот случај го изнесе пред полицаецот. Извонреден случај. Исклучителен случај. Смртен случај. Несреќен случај. 2. Појава, изразување на нешто; пример 2. Таков е случајот со него. Мојот случај е многу редок. Ова е само еден од многубројните случаи на неправда. 3. Удобен, згоден момент; прилика 3. Го искористи случајот. 4. Случајност. Среќен случај. Го остави на случајот. Ако дојде по некој случај. 5. (прав.) а) Штетен, непредвиден настан или човеково дејствие што не може да му се впишат во вина на определено лице, односно на субјектите во правниот однос. б) Предмет што се води во судска постапка. Случајот ќе биде обновен. ◊ Во краен случај ‒ како последна мерка, како последно средство што би се применило, последна можност. Во најдобар (најлош) случај ‒ во најдобар (најлош) момент. Во никој (никаков) случај ‒ при никакви услови, безусловно, никогаш. Во секој случај ‒ секако, бездруго, сигурно. Во случај да .. ‒ ако се случи ..... Во спротивен случај ‒ спротивно од тоа што е посочено. За секој случај ‒ ако се јави потреба од нешто. Игра на случајот ‒ неочекуван пресврт во текот на настаните. Тежок случај ‒ нешто што претставува голема тешкотија, нешто што е тешко за разрешување. По случај на ‒ во конретниот момент. Социјален случај ‒ лице што не е во состојба да обезбеди самостојно средства за егзистенција.