слуга
Значење на слуга:
1. Човек најмен од некого да му врши лични, обично домашни работи. Работел како слуга кај чорбаџијата.
2. служител. Судски слуга. Денес бев слуга во храмот. Манастирски слуга.
3. (прен., пејор.) Лице што служи на туѓи интереси, што работи за туѓи интереси. Непријателски слуги.
Множина: слуги.
Изведени зборови:
- слугинче, и. ср. дем. и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Божји слуга / Слуга господов ‒ свештено лице. Слуга на ѓаволот ‒ лош човек, злосторник.
Оригинални податоци:
слуга, мн. слуги м. 1. Човек најмен од некого да му врши лични, обично домашни работи. Работел како слуга кај чорбаџијата. 2. в. служител. Судски слуга. Денес бев слуга во храмот. Манастирски слуга. 3. (прен., пејор.) Лице што служи на туѓи интереси, што работи за туѓи интереси. Непријателски слуги. ◊ Божји слуга / Слуга господов ‒ свештено лице. Слуга на ѓаволот ‒ лош човек, злосторник. ‖ слугинче, мн. слугинчиња ср. дем. и хип.