слух
Значење на слух:
1. (само едн.) Едно од петте сетила, способност да се слуша. Од високата температура го загуби слухот. Лица со оштетен слух.
2. (само едн.) Способност правилно да се примаат и произведуваат музички звуци. Има слух. Нема слух. Запеа и тој, иако немаше ниту слух ниту глас.
3. (обично во мн., арх.) Информација, вест чија веродостојност не е потврдена. Тие слухови разбудуваа во неа гордост. Тој, според слуховите, бил коцкар и пијаница.
Множина: слухови.
Фразеолошки израз / поговорка:
Пее (свири) по слух ‒ без ноти, само по слушање. Нема слух за нешто ‒ нема разбирање за некоја работа.
Оригинални податоци:
слух мн. слухови м. 1. (само едн.) Едно од петте сетила, способност да се слуша. Од високата температура го загуби слухот. Лица со оштетен слух. 2. (само едн.) Способност правилно да се примаат и произведуваат музички звуци. Има слух. Нема слух. Запеа и тој, иако немаше ниту слух ниту глас. 3. (обично во мн., арх.) Информација, вест чија веродостојност не е потврдена. Тие слухови разбудуваа во неа гордост. Тој, според слуховите, бил коцкар и пијаница. ◊ Пее (свири) по слух ‒ без ноти, само по слушање. Нема слух за нешто ‒ нема разбирање за некоја работа.