слуша
Значење на слуша:
1. Има способност да слуша. За своите години тој слуша доста добро. Стариот воопшто не слушаше. Девојката речиси не слушаше по операцијата.
2. Прима со сетилото за слух ‒ гласови, звуци или шумови. Тој цел ден слуша музика. Слушаше како пеат птиците.
3. Во медицината ‒ врши лекарски преглед со слушалки, обично на срце и белите дробови. Лекарот долго време му го слушаше срцето на болниот.
4. Посетува, следи предавања. Студентите слушаат предавања по два семестри.
5. Прима нечии совети, желби, послушен е. Таа ги слуша своите родители. Тој не го слушаше татко си и еве до каде дотера. Децата денес не ги слушаат постарите.
6. Знае по слушање или според податоци. Слушам дека си се омажила.
7. (разг.) Само во заповеден начин во почеток на речница: а) За потсилување. Слушајте, тогаш дојде министерот. б) Заповед. Слушајте, сега јас зборувам. Слушај сега момче, што ќе ти речам. Слушајте ја следнава реченица. Слушај ја наредбата.
Коњугација: слушаат.
Изведени зборови:
- се ~ слуша, 1. Прима со слух свои снимени предавања, изведби и сл. Повторно се слушаше како пее на приредбата. 2. Се разнесува, звучи. Се слуша песна по улиците. Се слуша само неговиот глас. Од театарот секогаш се слушаше музика. Се слушаа само неговите чекори. Од еден прозорец се слушаше радио. 3. безл. Се шири вест, мислење и сл. Се слуша дека тој успеал во Америка. Се слушаше дека почнал да пие. Се слушаше дека победата е близу. 4. Еден со друг. Тие се слушаа одвреме навреме.
Фразеолошки израз / поговорка:
Добриот глас далеку се слуша, а лошиот уште подалеку ‒ тоа што е добро ќе се расчуе на далеку, лошото ќе се расчуе уште побрзо. Гласот не му се слуша ‒ 1. многу е тивок. 2. никој не го цени неговото мислење. Гласот му се слуша ‒ го почитуваат, слушаат што ќе рече. Рани душа да те слуша ‒ за да се биде здрав, треба добро да се храниме. Слушај ми го зборот ‒ предупредување, послушај што ти зборувам, грешиш. Жив не се слуша ‒ многу е тивок, не се појавува.
Оригинални податоци:
слуша, слушаат несв. 1. Има способност да слуша. За своите години тој слуша доста добро. Стариот воопшто не слушаше. Девојката речиси не слушаше по операцијата. 2. Прима со сетилото за слух ‒ гласови, звуци или шумови. Тој цел ден слуша музика. Слушаше како пеат птиците. 3. Во медицината ‒ врши лекарски преглед со слушалки, обично на срце и белите дробови. Лекарот долго време му го слушаше срцето на болниот. 4. Посетува, следи предавања. Студентите слушаат предавања по два семестри. 5. Прима нечии совети, желби, послушен е. Таа ги слуша своите родители. Тој не го слушаше татко си и еве до каде дотера. Децата денес не ги слушаат постарите. 6. Знае по слушање или според податоци. Слушам дека си се омажила. 7. (разг.) Само во заповеден начин во почеток на речница: а) За потсилување. Слушајте, тогаш дојде министерот. б) Заповед. Слушајте, сега јас зборувам. Слушај сега момче, што ќе ти речам. Слушајте ја следнава реченица. Слушај ја наредбата. ● се ~ 1. Прима со слух свои снимени предавања, изведби и сл. Повторно се слушаше како пее на приредбата. 2. Се разнесува, звучи. Се слуша песна по улиците. Се слуша само неговиот глас. Од театарот секогаш се слушаше музика. Се слушаа само неговите чекори. Од еден прозорец се слушаше радио. 3. безл. Се шири вест, мислење и сл. Се слуша дека тој успеал во Америка. Се слушаше дека почнал да пие. Се слушаше дека победата е близу. 4. Еден со друг. Тие се слушаа одвреме навреме. ◊ Добриот глас далеку се слуша, а лошиот уште подалеку ‒ тоа што е добро ќе се расчуе на далеку, лошото ќе се расчуе уште побрзо. Гласот не му се слуша ‒ 1. многу е тивок. 2. никој не го цени неговото мислење. Гласот му се слуша ‒ го почитуваат, слушаат што ќе рече. Рани душа да те слуша ‒ за да се биде здрав, треба добро да се храниме. Слушај ми го зборот ‒ предупредување, послушај што ти зборувам, грешиш. Жив не се слуша ‒ многу е тивок, не се појавува.