слушател

Именка, машки род

Значење на слушател:

1. Лице што слуша нешто (радио, музика и др.). Слушателите на радиото ни јавуваат за проблемите во својата средина. Слушателите на добрата музика можат да гласаат за својот фаворит.

2. Студент на виша или висока школа, факултет и сл., посетител на курс, лице што слуша предавања. Аналфабетските курсеви беа посетувани од по 30 слушатели.

Множина: слушатели.

Изведени зборови:

  • слушателка, и. ж.
  • слушателски, прид. слушателскиот

Оригинални податоци:

слушател, мн. слушатели м. 1. Лице што слуша нешто (радио, музика и др.). Слушателите на радиото ни јавуваат за проблемите во својата средина. Слушателите на добрата музика можат да гласаат за својот фаворит. 2. Студент на виша или висока школа, факултет и сл., посетител на курс, лице што слуша предавања. Аналфабетските курсеви беа посетувани од по 30 слушатели. ‖ слушателка, мн. слушателки ж. ‖ слушателски, слушателскиот прид.