слушне

Глагол, свршен

Значење на слушне:

1. Прими со сетилото за слух ‒ гласови, звуци или шумови. Тој слушна кога заѕвони телефонот. Тој слушна како тропна влезната врата. Тој ја слушна радосната вест. Си го слушна името и се јави дека е присутен.

2. Разбере, дознае нешто. Слушнав дека длабоко во шумата има езеро. Долго време не сме слушнале ништо за неа.

3. Во медицината ‒ изврши лекарски преглед со слушалки, обично на срце и белите дробови. Да го слушне докторот, да не има бронхитис.

Конјугација: (ќе) слушнеа , (ќе) слушнев , (ќе) слушнел, слушнаа , слушнав , слушнал , слушнат , слушнат , слушнете , слушни .

Изведени зборови:

  • се ~ слушне, 1. Се чуе, се разнесе звук. Се слушна песна од улицата. Приквечерта се слушнаа истрели. Се слушнаа зурли и тапани низ селото. 2. безл. Се рашири вест, се искаже мислење и сл. На состанокот се слушнаа и спротивни мислења. По неколку години се слушна дека и нив ги испотепале некаде по селата. 3. Воспостави контакт, обично по телефон. Тие се слушнаа и се договорија.
  • (се) слушнува, глаг. повт. (се) слушнуваат
  • слушнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

слушне, слушнат; слушни, слушнете; слушнав, слушнаа; слушнал; слушнат; (ќе) слушнев, (ќе) слушнеа; (ќе) слушнел св. 1. Прими со сетилото за слух ‒ гласови, звуци или шумови. Тој слушна кога заѕвони телефонот. Тој слушна како тропна влезната врата. Тој ја слушна радосната вест. Си го слушна името и се јави дека е присутен. 2. Разбере, дознае нешто. Слушнав дека длабоко во шумата има езеро. Долго време не сме слушнале ништо за неа. 3. Во медицината ‒ изврши лекарски преглед со слушалки, обично на срце и белите дробови. Да го слушне докторот, да не има бронхитис. ● се ~ 1. Се чуе, се разнесе звук. Се слушна песна од улицата. Приквечерта се слушнаа истрели. Се слушнаа зурли и тапани низ селото. 2. безл. Се рашири вест, се искаже мислење и сл. На состанокот се слушнаа и спротивни мислења. По неколку години се слушна дека и нив ги испотепале некаде по селата. 3. Воспостави контакт, обично по телефон. Тие се слушнаа и се договорија. ‖ (се) слушнува, (се) слушнуваат повт. ‖ глаг. им. слушнување ср.