служба
Значење на служба:
1. Работа на службеник. Стапи на служба. Напредува во службата. Доби државна служба. Ја загубил службата.
2. Исполнување на воена обврска. Доби позив за воена служба. Тој е на служба во касарната.
3. Вршење црковен обред. Црковната служба започна рано. Службата во црквата се изведува на старословенски јазик. Минејот содржи служби за месеците септември ‒ декември.
4. Оддел, сектор во установа, организација. Стручни служби си ја завршија работата. Јавна служба. Матична служба. Странска разузнавачка служба. Служба на државна безбедност.
5. Служење за некоја цел, во нечиј интерес. Во служба на науката. Во служба на туѓи интереси. Во служба на мирот.
6. (грам.) Е во некаква функција. Атрибутска служба. Придавката е во служба на именката.
Множина: служби.
Изведени зборови:
- службиче, и. ж. мн. службичиња ср.; службичка, мн. службички дем. и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Дружба си е дружба ‒ служба си е служба ‒ не треба да се меша работата со пријателството. Службата си е служба ‒ мора да се изврши тоа што е наредено.
Оригинални податоци:
служба, мн. служби ж. 1. Работа на службеник. Стапи на служба. Напредува во службата. Доби државна служба. Ја загубил службата. 2. Исполнување на воена обврска. Доби позив за воена служба. Тој е на служба во касарната. 3. Вршење црковен обред. Црковната служба започна рано. Службата во црквата се изведува на старословенски јазик. Минејот содржи служби за месеците септември ‒ декември. 4. Оддел, сектор во установа, организација. Стручни служби си ја завршија работата. Јавна служба. Матична служба. Странска разузнавачка служба. Служба на државна безбедност. 5. Служење за некоја цел, во нечиј интерес. Во служба на науката. Во служба на туѓи интереси. Во служба на мирот. 6. (грам.) Е во некаква функција. Атрибутска служба. Придавката е во служба на именката. ◊ Дружба си е дружба ‒ служба си е служба ‒ не треба да се меша работата со пријателството. Службата си е служба ‒ мора да се изврши тоа што е наредено. ‖ службиче, мн. службичиња ср.; службичка, мн. службички ж. дем. и хип.