службен

Придавка

Значење на службен:

1. Што се однесува на служба и на вршење должности во службата. Службен печат. Службена просторија. Службен телефон. Службена линија. Службено возило.

2. Што е на служба во органите на власта, што е овластен да застапува некого и да работи во негово име. Службен претставник на нашата земја. Службено лице.

3. Што се врши, што се спроведува во име на државата или на некоја друга власт, што се прави по утврден ред и постапка. Службен разговор. Службен акт. Службена тајна.

4. Што е признат од власта, што е во служба на власта, официјален. Службен јазик. Службено писмо. Службен весник.

5. Што се врши по должност, обврска и сл. Службен пат.

6. (прен.) Што е одмерен, воздржан, што е лишен од срдечност, од непосредност.

Членувана форма: службениот.

Изведени зборови:

  • службено, прил. Дојде службено. Разговаравме службено.
  • службеност, и. ж.

Фразеолошки израз / поговорка:

Службени зборови (грам.) ‒ несамостојни, помошни зборови за изразување на врските и односите меѓу полнозначните зборови во составот на реченицата или меѓу одделните реченици.

Оригинални податоци:

службен, службениот прид. 1. Што се однесува на служба и на вршење должности во службата. Службен печат. Службена просторија. Службен телефон. Службена линија. Службено возило. 2. Што е на служба во органите на власта, што е овластен да застапува некого и да работи во негово име. Службен претставник на нашата земја. Службено лице. 3. Што се врши, што се спроведува во име на државата или на некоја друга власт, што се прави по утврден ред и постапка. Службен разговор. Службен акт. Службена тајна. 4. Што е признат од власта, што е во служба на власта, официјален. Службен јазик. Службено писмо. Службен весник. 5. Што се врши по должност, обврска и сл. Службен пат. 6. (прен.) Што е одмерен, воздржан, што е лишен од срдечност, од непосредност. ◊ Службени зборови (грам.) ‒ несамостојни, помошни зборови за изразување на врските и односите меѓу полнозначните зборови во составот на реченицата или меѓу одделните реченици. ‖ службено прил. Дојде службено. Разговаравме службено. ‖ службеност ж.