служи
Значење на служи:
1. Врши некаква служба, извршува должност, работи. Служеше како писар во општината. Таа служела како келнерка во една кафеана.
2. Исполнува воена обврска. Татко ми служел војска три години. Кога бил во војска, служел во морнарицата.
3. Врши црковна служба. Тој служеше служба божја две години во нашата црква. Владиката служеше служба на Велигден. На венчавката служеа три попа.
4. Работи како слуга кај некого, слугува. Тој му служеше на бегот девет години. Таа му служела на царот. Ти служиш во дворецот, најдобро знаеш што се случува.
5. (прен.) Работи за некого; врши услуги некому, исполнува нечија волја. Тој беше предавник, му служеше на непријателот.
6. Предаден е, посветен е, работи за доброто на некого или нешто. Целиот живот им служеше на болните и гладните. Му служеше верно на народот.
7. Се јавува како пример на однесување. Ова е паметно дете и им служи за пример на другарите. Тој со својата храброст им служи за пример на сите војници.
8. Принесува на маса, послужува некому храна и пијалак. Тој ги служеше гостите со вино и ракија.
9. Наменето е, погодно е, се користи, се употребува за нешто. а) За механизми, за машини и за предмети воопшто. Моливот служи за пишување. Новите апарати служат за замрзнување на прехранбените продукти. Телевизорот добро нè служи. Оваа вода ни служи за наводнување. б) Просторија, установа и др. Гаражата им служи како работилница. Оваа просторија ни служи како работна соба. Одајчето служеше за спиење и за готвење.
Конјугација: служат.
Изведени зборови:
- се ~ служи, 1. Зема нешто послужено на маса. Гостите се служеа од богато поставените маси. 2. Употребува, користи како орудие, како средство. За читање се служи со очила. Се служи со нож и виљушка. Тој се служи со веќе видени архивски филмски материјали. Вие се служите со невистини. Тој се служи со логични решенија. 3. Зборува, говори странски јазик. Кандидатката се служи со два странски јазици активно, со англискиот и со германскиот, а со италијанскиот се служи пасивно. 4. Употребува изразно средство. Тој се служи со обична нарација. Нашите сликари често се служат со пароли и лансираат некои сомнителни тези за враќање кон почетоците на уметноста.
- служење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
служи, служат несв. 1. Врши некаква служба, извршува должност, работи. Служеше како писар во општината. Таа служела како келнерка во една кафеана. 2. Исполнува воена обврска. Татко ми служел војска три години. Кога бил во војска, служел во морнарицата. 3. Врши црковна служба. Тој служеше служба божја две години во нашата црква. Владиката служеше служба на Велигден. На венчавката служеа три попа. 4. Работи како слуга кај некого, слугува. Тој му служеше на бегот девет години. Таа му служела на царот. Ти служиш во дворецот, најдобро знаеш што се случува. 5. (прен.) Работи за некого; врши услуги некому, исполнува нечија волја. Тој беше предавник, му служеше на непријателот. 6. Предаден е, посветен е, работи за доброто на некого или нешто. Целиот живот им служеше на болните и гладните. Му служеше верно на народот. 7. Се јавува како пример на однесување. Ова е паметно дете и им служи за пример на другарите. Тој со својата храброст им служи за пример на сите војници. 8. Принесува на маса, послужува некому храна и пијалак. Тој ги служеше гостите со вино и ракија. 9. Наменето е, погодно е, се користи, се употребува за нешто. а) За механизми, за машини и за предмети воопшто. Моливот служи за пишување. Новите апарати служат за замрзнување на прехранбените продукти. Телевизорот добро нè служи. Оваа вода ни служи за наводнување. б) Просторија, установа и др. Гаражата им служи како работилница. Оваа просторија ни служи како работна соба. Одајчето служеше за спиење и за готвење. ● се ~ 1. Зема нешто послужено на маса. Гостите се служеа од богато поставените маси. 2. Употребува, користи како орудие, како средство. За читање се служи со очила. Се служи со нож и виљушка. Тој се служи со веќе видени архивски филмски материјали. Вие се служите со невистини. Тој се служи со логични решенија. 3. Зборува, говори странски јазик. Кандидатката се служи со два странски јазици активно, со англискиот и со германскиот, а со италијанскиот се служи пасивно. 4. Употребува изразно средство. Тој се служи со обична нарација. Нашите сликари често се служат со пароли и лансираат некои сомнителни тези за враќање кон почетоците на уметноста. ‖ глаг. им. служење ср.