смачи (ми) се

Глагол, свршен

Значење на смачи (ми) се:

1. Стане некому мачно, тешко, здодевно. Ми се смачи од чекање нешто убаво да се случи. Нему му се смачи од слушање глупости.

2. Стане лошо. На жената ѝ се смачи во чекалната и излезе надвор. На девојката ѝ се смачи од димот на цигарите.

Конјугација: (ми) се смачат.

Изведени зборови:

  • (ми) се смачува, глаг. несв. (ми) се смачуваат
  • смачување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

смачи (ми) се, (ми) се смачат св. (само во 3 л.) 1. Стане некому мачно, тешко, здодевно. Ми се смачи од чекање нешто убаво да се случи. Нему му се смачи од слушање глупости. 2. Стане лошо. На жената ѝ се смачи во чекалната и излезе надвор. На девојката ѝ се смачи од димот на цигарите. ‖ (ми) се смачува, (ми) се смачуваат несв. ‖ глаг. им. смачување ср.