смачка
Значење на смачка:
1. Сплеска, столчи, направи нешто да изгуби форма. Таа го смачка јајцето. Каменот го смачка возилото што било паркирано тука. Тој со стапот смачка една грутка земја.
2. (прен.) Убие, умртви. Тој со мотика го смачкал соседот. Со нога ја смачка гадинката. Со камен ѝ ја смачка главата на змијата.
3. Уништи. Само со пушки нивната војска ја смачка непријателската. Разбојниците ги смачкавме сите до еден. Ако те фати, ќе те смачка.
4. (прен.) Душевно сломи, нанесе силна душевна болка. Веста за синот ја смачка мајката.
5. (прен., разг.) За храна ‒ лакомо изеде сè до крај, излапа. Децата го смачкаа лебот за пет минути. За час ја смачкавме баклавата.
Конјугација: смачкаат.
Изведени зборови:
- се ~ смачка, Се сплеска, се столчи. Лебот се смачкал во торбата. Од многу работи во торбата јајцата се смачкале.
- (се) смачкува, глаг. несв. (се) смачкуваат
- смачкување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
смачка, смачкаат св. 1. Сплеска, столчи, направи нешто да изгуби форма. Таа го смачка јајцето. Каменот го смачка возилото што било паркирано тука. Тој со стапот смачка една грутка земја. 2. (прен.) Убие, умртви. Тој со мотика го смачкал соседот. Со нога ја смачка гадинката. Со камен ѝ ја смачка главата на змијата. 3. Уништи. Само со пушки нивната војска ја смачка непријателската. Разбојниците ги смачкавме сите до еден. Ако те фати, ќе те смачка. 4. (прен.) Душевно сломи, нанесе силна душевна болка. Веста за синот ја смачка мајката. 5. (прен., разг.) За храна ‒ лакомо изеде сè до крај, излапа. Децата го смачкаа лебот за пет минути. За час ја смачкавме баклавата. ● се ~ Се сплеска, се столчи. Лебот се смачкал во торбата. Од многу работи во торбата јајцата се смачкале. ‖ (се) смачкува, (се) смачкуваат несв. ‖ глаг. им. смачкување ср.