смали

Глагол, свршен

Значење на смали:

1. Направи нешто да биде помало по обем, количество, големина, по интензитет, степен од претходната состојба; намали. Газдата го смали бројот на вработените. Автомобилот ја смали брзината наеднаш и гумите зачкрипеа.

2. За цени ‒ снижи, намали. Ги смалија цените на нафтените деривати. Оваа недела ги смалија цените на летните обувки.

Коњугација: смалат.

Изведени зборови:

  • се ~ смали, 1. Стане нешто да биде помало по обем, количество, големина, интензитет, степен; се намали. Приходите овој месец ни се смалија на половина. Трошоците се смалија со новата технологија. Облеката на децата им се смали. 2. За цена ‒ се намали, се снижи. Сега се смали цената на текстилот поради големата конкуренција на пазарот. 3. За временски поим ‒ се намали. Денот се смали, рано се стемнува.
  • (се) смалува, глаг. несв. (се) смалуваат
  • смалување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

смали, смалат св. 1. Направи нешто да биде помало по обем, количество, големина, по интензитет, степен од претходната состојба; намали. Газдата го смали бројот на вработените. Автомобилот ја смали брзината наеднаш и гумите зачкрипеа. 2. За цени ‒ снижи, намали. Ги смалија цените на нафтените деривати. Оваа недела ги смалија цените на летните обувки. ● се ~ 1. Стане нешто да биде помало по обем, количество, големина, интензитет, степен; се намали. Приходите овој месец ни се смалија на половина. Трошоците се смалија со новата технологија. Облеката на децата им се смали. 2. За цена ‒ се намали, се снижи. Сега се смали цената на текстилот поради големата конкуренција на пазарот. 3. За временски поим ‒ се намали. Денот се смали, рано се стемнува. ‖ (се) смалува, (се) смалуваат несв. ‖ глаг. им. смалување ср.