смати

Глагол, свршен

Значење на смати:

1. За вода, течност ‒ направи да стане матен. Ветерот ја смати водата во езерцето.

2. (прен.) Предизвика возбуда, наруши расположение, мир, духовна рамнотежа. Му го смати умот.

3. Направи нешто на брзина, како‒годе. Ќе смати некоја торта за роденденот.

Коњугација: сматат.

Изведени зборови:

  • се ~ смати, 1. Се замати, се помати. Водата се смати од ветерот. 2. Се наруши, се влоши некоја состојба. Времето наеднаш се смати. Погледот ѝ се смати.
  • (се) сматува, глаг. несв. (се) сматуваат
  • сматување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

смати, сматат св. 1. За вода, течност ‒ направи да стане матен. Ветерот ја смати водата во езерцето. 2. (прен.) Предизвика возбуда, наруши расположение, мир, духовна рамнотежа. Му го смати умот. 3. Направи нешто на брзина, како‒годе. Ќе смати некоја торта за роденденот. ● се ~ 1. Се замати, се помати. Водата се смати од ветерот. 2. Се наруши, се влоши некоја состојба. Времето наеднаш се смати. Погледот ѝ се смати. ‖ (се) сматува, (се) сматуваат несв. ‖ глаг. им. сматување ср.