смее 1
Значење на смее:
Предизвикува смеа кај некого. Тој ги смееше децата со кажување шеги. Кловновите ги смееја и децата и возрасните.Конјугација: смеав , смеаја , смеал , смеан, смеат , смеев , смееја , смеел , смеен , смеј , смејте .
Изведени зборови:
- се ~ смее, 1. Изразува радост, веселост. Децата се смееја гласно. Луѓето се смеат кога им е убаво. Се смеевме некако со сила. Се смее извештачено. 2. Се подбива, се потсмева. Сите соседи му се смееја на момчето за стореното. Другарките ѝ се смееја оти одеше лошо облечена. 3. ми, (ти, му..... ) се смее безл. Расположен сум (си, е..) за смеење. Ми се смее.
- смеење, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Се смее под мустак ‒ се смее лукаво, потсмешливо. Се смее некому во лице ‒ се потсмева некому. Кој последен се смее, најслатко се смее ‒ ќе се смее тој што ќе биде сигурен дека решението е во негова полза. Се смее како луд на брашно ‒ се смее без причина. Се смее до солзи ‒ се смее многу.
Оригинални податоци:
смее1, смеат; смеј, смејте; смеев, смееја; смеел; смеен; смеав, смеаја; смеал; смеан несв. Предизвикува смеа кај некого. Тој ги смееше децата со кажување шеги. Кловновите ги смееја и децата и возрасните. ● се ~ 1. Изразува радост, веселост. Децата се смееја гласно. Луѓето се смеат кога им е убаво. Се смеевме некако со сила. Се смее извештачено. 2. Се подбива, се потсмева. Сите соседи му се смееја на момчето за стореното. Другарките ѝ се смееја оти одеше лошо облечена. 3. ми, (ти, му..... ) се смее безл. Расположен сум (си, е..) за смеење. Ми се смее. ◊ Се смее под мустак ‒ се смее лукаво, потсмешливо. Се смее некому во лице ‒ се потсмева некому. Кој последен се смее, најслатко се смее ‒ ќе се смее тој што ќе биде сигурен дека решението е во негова полза. Се смее како луд на брашно ‒ се смее без причина. Се смее до солзи ‒ се смее многу. ‖ глаг. им. смеење ср.