смекне

Глагол, свршен

Значење на смекне:

1. Направи нешто да биде меко или помеко, поеластично; омекне. Децата го смекнаа пластелинот убаво, па потоа правеа фигури. Со постојано користење на овој крем ќе ја смекнете кожата на вашето лице. Омекнувачот ги смекнува алиштата.

2. (прен.) Направи некој да стане помалку суров, строг и сл., направи поблаг, попријатен. Децата со своето однесување го смекнаа дедото. Со благ збор ја смекна лутината. Нејзините солзи го смекнаа.

3. Стане помек. По дождовите, земјата смекна. По кратко загревање, локумот смекна и можеше да се обликува.

4. (прен.) За време ‒ стане потопло од порано. Се запролети, времето смекна.

5. (лингв.) За гласови, најчесто согласки. Гласот е ќе ги смекне гласовите к, г кога се наоѓа по нив.

Конјугација: (ќе) смекнеа , (ќе) смекнев , (ќе) смекнел, смекнаа , смекнав , смекнал , смекнат , смекнат , смекнете , смекни .

Изведени зборови:

  • се ~ смекне, 1. Стане мек или помек, поеластичен, помалку тврд. Се смекна земјата, можеше да се ора. Кожата се смекна по штавењето. Пластелинот ќе се смекне од гмечењето. 2. (прен.) Стане помалку суров, строг. Срцето ќе му се смекне кога ќе го види внучето. 3. (грам.) Се палатализира. Тврдата согласка се смекнала.
  • (се) смекнува, глаг. (се) смекнуваат
  • смекнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

смекне, смекнат; смекни, смекнете; смекнав, смекнаа; смекнал; смекнат; (ќе) смекнев, (ќе) смекнеа; (ќе) смекнел св. 1. Направи нешто да биде меко или помеко, поеластично; омекне. Децата го смекнаа пластелинот убаво, па потоа правеа фигури. Со постојано користење на овој крем ќе ја смекнете кожата на вашето лице. Омекнувачот ги смекнува алиштата. 2. (прен.) Направи некој да стане помалку суров, строг и сл., направи поблаг, попријатен. Децата со своето однесување го смекнаа дедото. Со благ збор ја смекна лутината. Нејзините солзи го смекнаа. 3. Стане помек. По дождовите, земјата смекна. По кратко загревање, локумот смекна и можеше да се обликува. 4. (прен.) За време ‒ стане потопло од порано. Се запролети, времето смекна. 5. (лингв.) За гласови, најчесто согласки. Гласот е ќе ги смекне гласовите к, г кога се наоѓа по нив. ● се ~ 1. Стане мек или помек, поеластичен, помалку тврд. Се смекна земјата, можеше да се ора. Кожата се смекна по штавењето. Пластелинот ќе се смекне од гмечењето. 2. (прен.) Стане помалку суров, строг. Срцето ќе му се смекне кога ќе го види внучето. 3. (грам.) Се палатализира. Тврдата согласка се смекнала. ‖ (се) смекнува, (се) смекнуваат ‖ глаг. им. смекнување ср.