смел
Значење на смел:
1. Што не знае за страв, храбар. Смел борец. Смел човек. Смел витез.
2. Што изразува храброст, бестрашност. Смела постапка. Презедоа смели чекори во надминување на состојбата.
3. Што не се плаши од тешкотии, што излегува од границата на вообичаеното или на прифатеното. Смела идеја. Смел потфат. Смел потег.
Членувана форма: смелиот.
Изведени зборови:
- смело, прил. Истапи смело пред четата. Постапи смело. Тој смело ја погледна в очи.
- смелост, и. ж.
Оригинални податоци:
смел, смелиот прид. 1. Што не знае за страв, храбар. Смел борец. Смел човек. Смел витез. 2. Што изразува храброст, бестрашност. Смела постапка. Презедоа смели чекори во надминување на состојбата. 3. Што не се плаши од тешкотии, што излегува од границата на вообичаеното или на прифатеното. Смела идеја. Смел потфат. Смел потег. ‖ смело прил. Истапи смело пред четата. Постапи смело. Тој смело ја погледна в очи. ‖ смелост ж.