смена
Значење на смена:
1. Промена, менување на едно нешто, појава, дејство и др. со друго нешто различно од првото. Смена на дежурниот. Смена на стражата се врши во точно определено време. Во тоа време се случи смена на раководството на организацијата.
2. Определено време по кое една група луѓе заменува друга. Работи само во прва смена. На одмор отиде организирано од училиштето во втората смена. Тој работи во ноќна смена. Му заврши смената.
3. Група луѓе што заменува друга група по определено време. Ни дојде смената малку порано. Првата смена го напушти училиштето.
Множина: смени.
Фразеолошки израз / поговорка:
На смена ‒ вршење работа едноподруго.
Оригинални податоци:
смена, мн. смени ж. 1. Промена, менување на едно нешто, појава, дејство и др. со друго нешто различно од првото. Смена на дежурниот. Смена на стражата се врши во точно определено време. Во тоа време се случи смена на раководството на организацијата. 2. Определено време по кое една група луѓе заменува друга. Работи само во прва смена. На одмор отиде организирано од училиштето во втората смена. Тој работи во ноќна смена. Му заврши смената. 3. Група луѓе што заменува друга група по определено време. Ни дојде смената малку порано. Првата смена го напушти училиштето. ◊ На смена ‒ вршење работа едноподруго.