смени

Глагол, свршен

Значење на смени:

1. Замени едно со друго. Ја смени прегорената светилка. Жената ја смени шамијата, стави нова и побрза да излезе. На аеродром ми ги смениле куферите. Агата три пати ги смени коњите, остави уморен, земи одморен.

2. Даде едно нешто за друго, замени. Ја сменив кошулта (во продавница), ми беше мала. Во библиотеката ми ја сменија прочитаната книга за друга од истиот автор.

3. Размени пари, платежно средство. Марките ги сменив за денари.

4. Заемно, едно со друго. Близнаците си ги сменија местата.

5. (обично во 3 л.) За природна појава ‒ појави на местото од нешто што исчезнува. Дождливата пролет ја смени жешкото лето. Денот полека ја смени ноќта.

6. Замени во работата. а) Отстрани од должност. Го сменија раководителот од фирмата. б) Ослободи од некои обврски што се исполнуваат на смени. Новиот стражар го смени стариот точно на време. Ќе те сменам, оди јади.

7. Промени дејност, професија, занимање. установа, образование, работа и сл. По една година тој го смени факултетот. Откако го слушнав ова, ја сменив улогата.

8. а) Промени место, локација, промени адреса. Таа ја смени адресата на живеење, се пресели во нов стан. Овие гости три пати ја сменија собата во хотелот. б) Промени место на некој предмет. Торбата многу му тежеше и тој од десното рамо ја смени на левото.

9. Смени име, презиме, промени идентификација. Стојна го смени своето име во Соња кога стана полнолетна. Жената го смени своето презиме со презимето од мажот.

10. (прен.) а) Промени тема на зборување. Таа ја смени темата на разговор. Професорот ја смени темата на предавањето кога виде дека студентите упорно му поставуваат некои незгодни прашања. б) Стане поинаков од порано. Тој ќе ја смени бојата, ќе се вцрви или ќе пребледе, ама збор нема да рече.

Конјугација: сменат.

Изведени зборови:

  • се ~ смени, 1. Се замени нешто со нешто. а) Државен систем, владетел и сл. Се сменија држави, кралства и царства. Веќе четворица претседатели се сменија. Се сменија владетели, системи, идеологии. б) Природни појави. Времето се смени од топло на ладно. 2. Замени во работа по завршена смена, на должност, еден со друг. Стражарите се сменија со параден чекор. Лекарите во болницата се сменија по истекот на претпладневната смена. 3. Промени положба, изглед и сл. Тој се смени во лицето кога ја чу страшната вест.
  • (се) сменува, глаг. несв. (се) сменуваат
  • сменување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

смени, сменат св. 1. Замени едно со друго. Ја смени прегорената светилка. Жената ја смени шамијата, стави нова и побрза да излезе. На аеродром ми ги смениле куферите. Агата три пати ги смени коњите, остави уморен, земи одморен. 2. Даде едно нешто за друго, замени. Ја сменив кошулта (во продавница), ми беше мала. Во библиотеката ми ја сменија прочитаната книга за друга од истиот автор. 3. Размени пари, платежно средство. Марките ги сменив за денари. 4. Заемно, едно со друго. Близнаците си ги сменија местата. 5. (обично во 3 л.) За природна појава ‒ појави на местото од нешто што исчезнува. Дождливата пролет ја смени жешкото лето. Денот полека ја смени ноќта. 6. Замени во работата. а) Отстрани од должност. Го сменија раководителот од фирмата. б) Ослободи од некои обврски што се исполнуваат на смени. Новиот стражар го смени стариот точно на време. Ќе те сменам, оди јади. 7. Промени дејност, професија, занимање. установа, образование, работа и сл. По една година тој го смени факултетот. Откако го слушнав ова, ја сменив улогата. 8. а) Промени место, локација, промени адреса. Таа ја смени адресата на живеење, се пресели во нов стан. Овие гости три пати ја сменија собата во хотелот. б) Промени место на некој предмет. Торбата многу му тежеше и тој од десното рамо ја смени на левото. 9. Смени име, презиме, промени идентификација. Стојна го смени своето име во Соња кога стана полнолетна. Жената го смени своето презиме со презимето од мажот. 10. (прен.) а) Промени тема на зборување. Таа ја смени темата на разговор. Професорот ја смени темата на предавањето кога виде дека студентите упорно му поставуваат некои незгодни прашања. б) Стане поинаков од порано. Тој ќе ја смени бојата, ќе се вцрви или ќе пребледе, ама збор нема да рече. ● се ~ 1. Се замени нешто со нешто. а) Државен систем, владетел и сл. Се сменија држави, кралства и царства. Веќе четворица претседатели се сменија. Се сменија владетели, системи, идеологии. б) Природни појави. Времето се смени од топло на ладно. 2. Замени во работа по завршена смена, на должност, еден со друг. Стражарите се сменија со параден чекор. Лекарите во болницата се сменија по истекот на претпладневната смена. 3. Промени положба, изглед и сл. Тој се смени во лицето кога ја чу страшната вест. ‖ (се) сменува, (се) сменуваат несв. ‖ глаг. им. сменување ср.