смеша

Глагол, свршен

Значење на смеша:

1. Соедини, измеша две или повеќе работи во едно. Ги смешал старото и новото вино. За оваа торта смешај ги сите состојки одеднаш. Го смешал стариот и новиот грав.

2. Со мешање наруши распоред на нешто; измеша. Ги смешал ливчињата со забелешки. Ги смеша картите, сега не знаеме која чија е.

3. Погрешно прими некое сознание, замени едно нешто за друго. Не го препознав син ти, го смешав со синот на соседот. Ги смешав, не е тој актер.

4. (прен., разг.) Воведе во некој круг, во некое друштво, во некоја средина. Го смеша со другите деца од класот.

Конјугација: смешаат.

Изведени зборови:

  • се ~ смеша, 1. Се соеднини едно со друго. Се смешале здравите и болните деца. 2. Загуби обичен ред, поредок. Ми се смешаа мислите. 3. Се замеша во нешто (караница, разговор и сл.). Во караницата се смешал и богатиот. Се смеша и тој во политика. 4. Се замеша со луѓе, влезе во некој круг, во некое друштво. Тој се смешал со селаните. Таа се смеша со минувачите и му се изгуби од видот.
  • (се) смешува, глаг. несв. (се) смешуваат
  • смешување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

смеша, смешаат св. 1. Соедини, измеша две или повеќе работи во едно. Ги смешал старото и новото вино. За оваа торта смешај ги сите состојки одеднаш. Го смешал стариот и новиот грав. 2. Со мешање наруши распоред на нешто; измеша. Ги смешал ливчињата со забелешки. Ги смеша картите, сега не знаеме која чија е. 3. Погрешно прими некое сознание, замени едно нешто за друго. Не го препознав син ти, го смешав со синот на соседот. Ги смешав, не е тој актер. 4. (прен., разг.) Воведе во некој круг, во некое друштво, во некоја средина. Го смеша со другите деца од класот. ● се ~ 1. Се соеднини едно со друго. Се смешале здравите и болните деца. 2. Загуби обичен ред, поредок. Ми се смешаа мислите. 3. Се замеша во нешто (караница, разговор и сл.). Во караницата се смешал и богатиот. Се смеша и тој во политика. 4. Се замеша со луѓе, влезе во некој круг, во некое друштво. Тој се смешал со селаните. Таа се смеша со минувачите и му се изгуби од видот. ‖ (се) смешува, (се) смешуваат несв. ‖ глаг. им. смешување ср.