смешен
Значење на смешен:
1. Што предизвикува смеа со својата содржина или со својата појава, забавен, комичен. Смешна случка. Смешен настан. Смешен човек. Смешни движења. Двајцата се во многу смешна, дури комична положба.
2. Што не одговара на својата намена, што предизвикува потсмев. Смешни панталони. Жените носеа некои смешни шапки.
Членувана форма: смешниот.
Изведени зборови:
- смешно, прил. Пискулите се вееја смешно од фесовите. Изгледаше смешно во тие парталави алишта.
- смешност, и. ж.
Оригинални податоци:
смешен, смешниот прид. 1. Што предизвикува смеа со својата содржина или со својата појава, забавен, комичен. Смешна случка. Смешен настан. Смешен човек. Смешни движења. Двајцата се во многу смешна, дури комична положба. 2. Што не одговара на својата намена, што предизвикува потсмев. Смешни панталони. Жените носеа некои смешни шапки. ‖ смешно прил. Пискулите се вееја смешно од фесовите. Изгледаше смешно во тие парталави алишта. ‖ смешност ж.