смешка се
Значење на смешка се:
1. Со насмевка изразува пријатни чувства, весело расположение кон нешто, задоволство поради нешто. Девојчето цело време се смешкаше. Среќно се смешкаше.
2. (прен.) Се покажува, се навестува, се отвора. Како конечно да му се смешка среќата.
Конјугација: се смешкаат.
Изведени зборови:
- смешкање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
смешка се, се смешкаат несв. 1. Со насмевка изразува пријатни чувства, весело расположение кон нешто, задоволство поради нешто. Девојчето цело време се смешкаше. Среќно се смешкаше. 2. (прен.) Се покажува, се навестува, се отвора. Како конечно да му се смешка среќата. ‖ глаг. им. смешкање ср.