смести
Значење на смести:
1. Постави, прибере нешто на определено место. Стоката ја сместивме во магацинот. Тој ги смести јаболката од годинашнава берба во визбата.
2. Најде место некому. а) Во установа (училиште, интернат, болница и сл.). Детето го сместија во интернат. Повредените ги сместија во најблиската болница. Тој го смести својот татко во домот за стари лица. б) Стави некого на определено место, да седне, да легне. Таа ја смести старицата во фотелјата пред телевизорот. Мајката го смести детето во креветчето. в) Најде некому место за живеење, всели. Родителите на момчето ги сместија младите во нов стан.
Конјугација: сместат.
Изведени зборови:
- се ~ смести, 1. Најде за себе место. Ние се сместивме во првото купе. Партизаните се сместиле во манастирот. Децата се сместија покрај печката да се топлат. 2. Најде место за живеење, се всели. Се сместија на првиот кат. Неговиот брат се смести во двокатната куќа од татко му.
- (се) сместува, глаг. несв. (се) сместуваат
- сместување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
смести, сместат св. 1. Постави, прибере нешто на определено место. Стоката ја сместивме во магацинот. Тој ги смести јаболката од годинашнава берба во визбата. 2. Најде место некому. а) Во установа (училиште, интернат, болница и сл.). Детето го сместија во интернат. Повредените ги сместија во најблиската болница. Тој го смести својот татко во домот за стари лица. б) Стави некого на определено место, да седне, да легне. Таа ја смести старицата во фотелјата пред телевизорот. Мајката го смести детето во креветчето. в) Најде некому место за живеење, всели. Родителите на момчето ги сместија младите во нов стан. ● се ~ 1. Најде за себе место. Ние се сместивме во првото купе. Партизаните се сместиле во манастирот. Децата се сместија покрај печката да се топлат. 2. Најде место за живеење, се всели. Се сместија на првиот кат. Неговиот брат се смести во двокатната куќа од татко му. ‖ (се) сместува, (се) сместуваат несв. ‖ глаг. им. сместување ср.