смета
Значење на смета:
1. Работи со броеви, пресметува со броеви. Детето научи да смета до сто. Тој смета напамет. Во стариот век разни народи го сметале времето на свој начин.
2. (прен.) Зема предвид, вбројува при определување, планирање на нешто. Не сметајте го него, тој не знае да игра.
3. (прен.) Очекува од некого поддршка, се надева на нешто. Сметам на мојот брат, тој ќе ми помогне. Тренерот смета на двајца играчи. Сметам на нејзиниот успех.
4. Оценува, има свое мислење за нешто. Стручњаците сметаа дека цената на струјата ќе расте. Тој сметал дека има причина да прослави. Дамите го сметаат за кавалер. Тебе те сметав за свој пријател. Него го сметаше за свој наследник.
Конјугација: сметаат.
Изведени зборови:
- се ~ смета, а) Се оценува на некој начин; се мисли, се претполага. Престојот на тие места се сметаше за опасен. Тие се сметаа за организација. Се сметаше дека тоа нема да се случи. б) Се оценува сам себеси. Се сметам за дисциплиниран и примерен.
- сметање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Не го смета за жив ‒ не го цени.
Оригинални податоци:
смета, сметаат несв. 1. Работи со броеви, пресметува со броеви. Детето научи да смета до сто. Тој смета напамет. Во стариот век разни народи го сметале времето на свој начин. 2. (прен.) Зема предвид, вбројува при определување, планирање на нешто. Не сметајте го него, тој не знае да игра. 3. (прен.) Очекува од некого поддршка, се надева на нешто. Сметам на мојот брат, тој ќе ми помогне. Тренерот смета на двајца играчи. Сметам на нејзиниот успех. 4. Оценува, има свое мислење за нешто. Стручњаците сметаа дека цената на струјата ќе расте. Тој сметал дека има причина да прослави. Дамите го сметаат за кавалер. Тебе те сметав за свој пријател. Него го сметаше за свој наследник. ● се ~ а) Се оценува на некој начин; се мисли, се претполага. Престојот на тие места се сметаше за опасен. Тие се сметаа за организација. Се сметаше дека тоа нема да се случи. б) Се оценува сам себеси. Се сметам за дисциплиниран и примерен. ◊ Не го смета за жив ‒ не го цени. ‖ глаг. им. сметање ср.