сметка
Значење на сметка:
1. Белешка, писмен документ, потврда за продадена стока или сторена услуга, со назначено количество, цена и вкупен износ што треба да се плати или е платен; фактура. Продавачот му ја донесе сметката за купените продукти. Келнерот ја донесе сметката за вечерата. Ја плати сметката за струја.
2. Во книговодството ‒ евиденција на долговите и побарувањата; назив за различни партии во билансот.
3. Облик на прикажување на паричните средства и на изворите на средствата, на приходите и расходите. Трансакциска сметка. Тековна сметка. Жиро-сметка. Завршна / периодична сметка.
4. (обично во мн.) а) Заемни парични односи. б) (прен.) Несредени меѓусебни односи, нерасчистени спорни прашања. Имаме ние стари сметки за расчистување.
5. Корист, интерес. Немам сметка да го правам тоа. Работи за своја сметка.
Множина: сметки.
Фразеолошки израз / поговорка:
Бара сметка од некого ‒ побара противуслуга за нешто. Без сметка ‒ прави нешто без да има корист од тоа. Со сметка ‒ прави нешто однапред пресметувајќи дека ќе има голема корист од тоа. Чиста сметка, долга љубов ‒ кога се добро поделени работите, парите, имотот, нема проблеми во односите меѓу луѓето. Расипе сметка некому ‒ спречи, оневозможи некого да ги оствари своите намери, планови. Прави сметка без крчмар ‒ планира нешто да направи без оној од кого зависи остварувањето на планираното. Води сметка за нешто ‒ се грижи за нешто. За сметка на некого ‒ во негова полза. На сметка на некого ‒ во негова штета.
Оригинални податоци:
сметка, мн. сметки ж. 1. Белешка, писмен документ, потврда за продадена стока или сторена услуга, со назначено количество, цена и вкупен износ што треба да се плати или е платен; фактура. Продавачот му ја донесе сметката за купените продукти. Келнерот ја донесе сметката за вечерата. Ја плати сметката за струја. 2. Во книговодството ‒ евиденција на долговите и побарувањата; назив за различни партии во билансот. 3. Облик на прикажување на паричните средства и на изворите на средствата, на приходите и расходите. Трансакциска сметка. Тековна сметка. Жиро-сметка. Завршна / периодична сметка. 4. (обично во мн.) а) Заемни парични односи. б) (прен.) Несредени меѓусебни односи, нерасчистени спорни прашања. Имаме ние стари сметки за расчистување. 5. Корист, интерес. Немам сметка да го правам тоа. Работи за своја сметка. ◊ Бара сметка од некого ‒ побара противуслуга за нешто. Без сметка ‒ прави нешто без да има корист од тоа. Со сметка ‒ прави нешто однапред пресметувајќи дека ќе има голема корист од тоа. Чиста сметка, долга љубов ‒ кога се добро поделени работите, парите, имотот, нема проблеми во односите меѓу луѓето. Расипе сметка некому ‒ спречи, оневозможи некого да ги оствари своите намери, планови. Прави сметка без крчмар ‒ планира нешто да направи без оној од кого зависи остварувањето на планираното. Води сметка за нешто ‒ се грижи за нешто. За сметка на некого ‒ во негова полза. На сметка на некого ‒ во негова штета.