смие

Глагол, свршен

Значење на смие:

1. Отстрани со миење нешто што загадува. Дождот ќе ја смие сета нечистотија од воздухот. Ќе ја смие крвта од плочата.

2. Однесе, свлече со постепено и постојано миење. Реката го сми брегот.

Конјугација: (ќе) смиев , (ќе) смиеја , (ќе) смиел , смив , смиен, смиј , смија , смијат , смијте , смил .

Изведени зборови:

  • (се) смива, глаг. несв. (се) смиваат
  • се ~ смие, Исчезне со миење. Полека ќе се смие бојата, ќе избледи.
  • смивање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

смие, смијат; смиј, смијте; смив, смија; смил; (ќе) смиев, (ќе) смиеја; (ќе) смиел; смиен св. 1. Отстрани со миење нешто што загадува. Дождот ќе ја смие сета нечистотија од воздухот. Ќе ја смие крвта од плочата. 2. Однесе, свлече со постепено и постојано миење. Реката го сми брегот. ● се ~ Исчезне со миење. Полека ќе се смие бојата, ќе избледи. ‖ (се) смива, (се) смиваат несв. ‖ глаг. им. смивање ср.