смирен

Придавка

Значење на смирен:

1. Што е исполнет со мир, со спокојство; сталожен. Смирен човек. Смирената толпа полека се разотидуваше. Смирен живот. Со смирени чувства влезе во салата.

2. Што изразува мир, спокојство. Со смирен глас им зборуваше на децата. Смирен поглед.

Членувана форма: смирениот.

Изведени зборови:

  • смирено, прил. Смирено зборуваше старецот. Гледаше смирено во народот.
  • смиреност, и. ж.

Оригинални податоци:

смирен, смирениот прид. 1. Што е исполнет со мир, со спокојство; сталожен. Смирен човек. Смирената толпа полека се разотидуваше. Смирен живот. Со смирени чувства влезе во салата. 2. Што изразува мир, спокојство. Со смирен глас им зборуваше на децата. Смирен поглед. ‖ смирено прил. Смирено зборуваше старецот. Гледаше смирено во народот. ‖ смиреност ж.