смири

Глагол, свршен

Значење на смири:

1. Направи некој да стане мирен, скроти. Ги смири децата со неколку чоколатца.

2. Приведе некого во спокојна положба, отстрани тоа што внесува немир, успокои некого. Зборуваше со ќерка си и малку ја смири. Со поглед ја смири старата. Таткото го смири разлутениот син само со два збора.

3. Прекине караница. Мајката ги смири скараните браќа.

4. Подобри или прекрати некоја болка. Лекот му ги смири болките.

Конјугација: смират.

Изведени зборови:

  • се ~ смири, 1. Стане мирен, спокоен. Најпосле учениците се смирија. Кога влезе таткото, децата се смирија. Кога го слушна гласот на ќерка си, старата се смири. 2. Намали интензитет на болка, чувство и сл. Болките ми се смирија. По неколку дена кашлицата се смири. Возбудата ми се смири кога седнав на столчето. 3. Се измири. Браќата се скараа и по неколку денови пак се смирија. Таткото и синот повторно се смирија.
  • (се) смирува, глаг. несв. (се) смируваат
  • смирување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

смири, смират св. 1. Направи некој да стане мирен, скроти. Ги смири децата со неколку чоколатца. 2. Приведе некого во спокојна положба, отстрани тоа што внесува немир, успокои некого. Зборуваше со ќерка си и малку ја смири. Со поглед ја смири старата. Таткото го смири разлутениот син само со два збора. 3. Прекине караница. Мајката ги смири скараните браќа. 4. Подобри или прекрати некоја болка. Лекот му ги смири болките. ● се ~ 1. Стане мирен, спокоен. Најпосле учениците се смирија. Кога влезе таткото, децата се смирија. Кога го слушна гласот на ќерка си, старата се смири. 2. Намали интензитет на болка, чувство и сл. Болките ми се смирија. По неколку дена кашлицата се смири. Возбудата ми се смири кога седнав на столчето. 3. Се измири. Браќата се скараа и по неколку денови пак се смирија. Таткото и синот повторно се смирија. ‖ (се) смирува, (се) смируваат несв. ‖ глаг. им. смирување ср.