смисла
Само во еднина.
Значење на смисла:
1. Внатрешна логична содржина на нешто, значење. Смислата на романот. Во поширока смисла. Во буквална смисла. Во позитивна смисла.
2. Разумна основа, оправданост за некаква постапка, цел. Не наоѓаше смисла во своите постапки. Неговиот живот ја изгуби смислата. Нема смисла да зборуваш така. Твоите зборови имаа некаква смисла, не се празни.
3. Способност да се разбере нешто, спобност за нешто, склоност за нешто. Имаше смисла за музика.
Оригинални податоци:
смисла (само едн.) ж. 1. Внатрешна логична содржина на нешто, значење. Смислата на романот. Во поширока смисла. Во буквална смисла. Во позитивна смисла. 2. Разумна основа, оправданост за некаква постапка, цел. Не наоѓаше смисла во своите постапки. Неговиот живот ја изгуби смислата. Нема смисла да зборуваш така. Твоите зборови имаа некаква смисла, не се празни. 3. Способност да се разбере нешто, спобност за нешто, склоност за нешто. Имаше смисла за музика.