смисли
Значење на смисли:
1. Со мислење дојде до оформена мисла, заклучок, решение и сл. Ученикот смисли две сложени реченици. Кумот смисли три имиња за бебето. Организаторот смисли уште една награда во тој момент. Татко ми го смисли планот за ова собиче. Старата смисли решение за проблемот.
2. Измисли, открие, дојде до оригинално остварување. Писателот ја смислил таа приказна пред неколку години. Народот смисли многу шеги за новиот полицаец.
3. Се сети за нешто. Кога тебе те смислувам, чаша солзи наполнувам. (нар. поез.)
Конјугација: смислат.
Изведени зборови:
- смислува, глаг. несв. смислуваат
- смислување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Не може да смисли нешто или некого ‒ не поднесува нешто или некого.
Оригинални податоци:
смисли, смислат св. 1. Со мислење дојде до оформена мисла, заклучок, решение и сл. Ученикот смисли две сложени реченици. Кумот смисли три имиња за бебето. Организаторот смисли уште една награда во тој момент. Татко ми го смисли планот за ова собиче. Старата смисли решение за проблемот. 2. Измисли, открие, дојде до оригинално остварување. Писателот ја смислил таа приказна пред неколку години. Народот смисли многу шеги за новиот полицаец. 3. Се сети за нешто. Кога тебе те смислувам, чаша солзи наполнувам. (нар. поез.) ‖ Не може да смисли нешто или некого ‒ не поднесува нешто или некого. ‖ смислува, смислуваат несв. ‖ глаг. им. смислување ср.