смоква

Именка, женски род

Значење на смоква:

1. Суптропско овошно дрво со ниско и разгрането стебло, со дебели, заоблени и светлозелени листови и мали, зелени, тркалезни или долгнавести плодови со сочно црвено месо и многу ситни, жолтеникави семки; Ficus carica. На брегот растеше смоква. Застанаа под сенката на смоквата.

2. Плод од смоква. Куќата мирисаше на смокви. Слатко од смокви.

Множина: смокви.

Оригинални податоци:

смоква, мн. смокви ж. 1. Суптропско овошно дрво со ниско и разгрането стебло, со дебели, заоблени и светлозелени листови и мали, зелени, тркалезни или долгнавести плодови со сочно црвено месо и многу ситни, жолтеникави семки; Ficus carica. На брегот растеше смоква. Застанаа под сенката на смоквата. 2. Плод од смоква. Куќата мирисаше на смокви. Слатко од смокви.