смолкне
Значење на смолкне:
1. Со влечење симне, спушти нешто од високо. Ја смолкна косата и почна да коси. Ги смолкнаа сите трупци од планината.
2. (разг.) Симне облека некому, соблече некого. Му ги смолкнаа чизмите.
Конјугација: (ќе) смолкнеа , (ќе) смолкнев , (ќе) смолкнел, смолкнаа , смолкнав , смолкнал , смолкнат , смолкнат , смолкнете , смолкни .
Изведени зборови:
- се ~ смолкне, 1. Се спушти надолу со влечење. Се смолкна на земја. Се смолкна од коњот. 2. (разг.) За облека ‒ се свлече, падне. Му се смолкнаа панталоните. 3. (прен.) Ослабне. Се смолкнав за еден месец.
- (се) смолкнува, глаг. несв. (се) смолкнуваат
- смолкнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
смолкне, смолкнат; смолкни, смолкнете; смолкнав, смолкнаа; смолкнал; смолкнат; (ќе) смолкнев, (ќе) смолкнеа; (ќе) смолкнел св. 1. Со влечење симне, спушти нешто од високо. Ја смолкна косата и почна да коси. Ги смолкнаа сите трупци од планината. 2. (разг.) Симне облека некому, соблече некого. Му ги смолкнаа чизмите. ● се ~ 1. Се спушти надолу со влечење. Се смолкна на земја. Се смолкна од коњот. 2. (разг.) За облека ‒ се свлече, падне. Му се смолкнаа панталоните. 3. (прен.) Ослабне. Се смолкнав за еден месец. ‖ (се) смолкнува, (се) смолкнуваат несв. ‖ глаг. им. смолкнување ср.