смрамори

Глагол, свршен

Значење на смрамори:

1. Претвори во мрамор, во камен. Волшебничката ги смрамори сите во дворецот.

2. (прен.) Предизвика чувство на силен страв, возбуда и сл. Зборовите на непознатиот ја смраморија жената.

Коњугација: смраморат.

Изведени зборови:

  • се ~ смрамори, 1. Се претвори во мрамор, во камен. Се гушнаа и во часот се смраморија. 2. (прен.) Се исплаши, се возбуди премногу. Се смрамори кога го виде на прагот.
  • (се) смраморува, глаг. несв. (се) смраморуваат
  • смраморување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

смрамори, смраморат св. 1. Претвори во мрамор, во камен. Волшебничката ги смрамори сите во дворецот. 2. (прен.) Предизвика чувство на силен страв, возбуда и сл. Зборовите на непознатиот ја смраморија жената. ● се ~ 1. Се претвори во мрамор, во камен. Се гушнаа и во часот се смраморија. 2. (прен.) Се исплаши, се возбуди премногу. Се смрамори кога го виде на прагот. ‖ (се) смраморува, (се) смраморуваат несв. ‖ глаг. им. смраморување ср.