смрси
Значење на смрси:
За конец, јаже, коса и сл. ‒ сплетка, исплетка; Детето ѝ ги смрси конците за везење. Ветрот ѝ ја смрси косата.Конјугација: смрсат.
Изведени зборови:
- се ~ смрси, Се замрси, се измрси. Јажето се смрси. Им се смрсија косите.
- (се) смрсува, глаг. несв. (се) смрсуваат
- смрсување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
смрси, смрсат св. За конец, јаже, коса и сл. ‒ сплетка, исплетка; сп. замрси1,. Детето ѝ ги смрси конците за везење. Ветрот ѝ ја смрси косата. ● се ~ Се замрси, се измрси. Јажето се смрси. Им се смрсија косите. ‖ (се) смрсува, (се) смрсуваат несв. ‖ глаг. им. смрсување ср.