смрт
Само во еднина.
Значење на смрт:
1. а) Престанување на животот, на животните функции на организмот (на човек, животно, растение), престанување на животот на единката како посебен жив организам; умирање. Ненадејна смрт. Насилна смрт. Херојска смрт. Го осудија на смрт. б) Престанување на биолошката размена на материите во организмот, во еден негов дел или орган. Физиолошка смрт. Смрт на клетките.
2. (прен.) Пропаст, неуспешен крај, уништување на нешто. Смрт на работничките протести. Смрт на нашите надежи.
3. Според народното верување ‒ призрак, сениште во долга црна облека и со коса во рацете што ги убива луѓето и им ја зема душата. Смртта дојде да му ја земе душата.
Фразеолошки израз / поговорка:
Бела смрт ‒ 1. смрт која настанува како резултат на снежна лавина или снежно невреме; 2. кога е поголем бројот на умрените од новородените лица во одредено место и во одредено време. Црна смрт ‒ чума. Слатка смрт ‒ смрт која настанува со заспивање како резултат на смрзнување на телото. Борба на живот и смрт ‒ борба за преживување, прави нешто до последните сили, до крајните можности. Граѓанска смрт ‒ одземање на сите граѓански права. Ѝ гледа в очи на смртта/Меѓу животот и смртта ‒ се наоѓа во животна опасност. На смрт е ‒ е тешко болен, е на умирање. Се разболе на смрт ‒ боледува од болест за која нема лек, која завршува со смрт. Најде смрт ‒ загине, умре. Прашање на живот или смрт ‒ за нешто што е многу важно, што има судбинско значење. Смрт ми (ти, му...) е (да прави нешто) ‒ чувствува голема непријатност, одбивност да прави нешто. Смртта не прашува стар и млад (посл.) ‒ никој не знае кога ќе умре. Клиничка смрт ‒ (мед.) состојба кога престануваат дишењето и чукањето на срцето, а другите органи сè уште нормално функционираат. Патолошка смрт ‒ (мед.) смрт предизвикана од болест или повреда на најважните органи за живот (мозокот, срцето, белите дробови и др.). Привидна смрт ‒ (мед.) привремено престанување на дишењето, губење на пулсот, работата на срцето се сведува на минимум. Природна смрт ‒ (мед.) завршување на долготрајниот и постепен процес на гасење на основните животни функции како резултат на стареење. Смрт на фашизмот ‒ слобода на народот ‒ револуционерна парола на НОБ во текот на Втората светска војна.
Оригинални податоци:
смрт (само едн.) ж. 1. а) Престанување на животот, на животните функции на организмот (на човек, животно, растение), престанување на животот на единката како посебен жив организам; умирање. Ненадејна смрт. Насилна смрт. Херојска смрт. Го осудија на смрт. б) Престанување на биолошката размена на материите во организмот, во еден негов дел или орган. Физиолошка смрт. Смрт на клетките. 2. (прен.) Пропаст, неуспешен крај, уништување на нешто. Смрт на работничките протести. Смрт на нашите надежи. 3. Според народното верување ‒ призрак, сениште во долга црна облека и со коса во рацете што ги убива луѓето и им ја зема душата. Смртта дојде да му ја земе душата. ◊ Бела смрт ‒ 1. смрт која настанува како резултат на снежна лавина или снежно невреме; 2. кога е поголем бројот на умрените од новородените лица во одредено место и во одредено време. Црна смрт ‒ чума. Слатка смрт ‒ смрт која настанува со заспивање како резултат на смрзнување на телото. Борба на живот и смрт ‒ борба за преживување, прави нешто до последните сили, до крајните можности. Граѓанска смрт ‒ одземање на сите граѓански права. Ѝ гледа в очи на смртта/Меѓу животот и смртта ‒ се наоѓа во животна опасност. На смрт е ‒ е тешко болен, е на умирање. Се разболе на смрт ‒ боледува од болест за која нема лек, која завршува со смрт. Најде смрт ‒ загине, умре. Прашање на живот или смрт ‒ за нешто што е многу важно, што има судбинско значење. Смрт ми (ти, му...) е (да прави нешто) ‒ чувствува голема непријатност, одбивност да прави нешто. Смртта не прашува стар и млад (посл.) ‒ никој не знае кога ќе умре. Клиничка смрт ‒ (мед.) состојба кога престануваат дишењето и чукањето на срцето, а другите органи сè уште нормално функционираат. Патолошка смрт ‒ (мед.) смрт предизвикана од болест или повреда на најважните органи за живот (мозокот, срцето, белите дробови и др.). Привидна смрт ‒ (мед.) привремено престанување на дишењето, губење на пулсот, работата на срцето се сведува на минимум. Природна смрт ‒ (мед.) завршување на долготрајниот и постепен процес на гасење на основните животни функции како резултат на стареење. Смрт на фашизмот ‒ слобода на народот ‒ револуционерна парола на НОБ во текот на Втората светска војна.