смртен
Значење на смртен:
1. Што се однесува на смрт. Смртен час. Смртен случај.
2. Што е подложен на смрт, кој мора еднаш да умре. Сите луѓе се смртни.
3. Што предизвикува, причинува смрт, што е смртоносен. Смртен удар. Смртна опасност. Смртни рани.
4. (прен.) Што е многу силен, што е во краен, највисок степен на своето пројавување, интензитет, состојба. Смртен страв. Смртна омраза. Смртна досада.
5. Како им. тој што е смртен. Живееше како секој смртен.
Членувана форма: смртниот.
Изведени зборови:
- смртно, прил. Смртно ранет. Смртно вљубен.
Фразеолошки израз / поговорка:
Смртен грев ‒ (црков.) 1. грев што не може да се искупи; 2. голем порок, недостаток, постапка што не може да се прости. Смртна казна/пресуда ‒ (прав.) најтешка казна или пресуда со која осудениот се лишува од живот. Смртен непријател ‒ опасен непријател. Е на смртна постела ‒ сп. постела.
Оригинални податоци:
смртен, смртниот прид. 1. Што се однесува на смрт. Смртен час. Смртен случај. 2. Што е подложен на смрт, кој мора еднаш да умре. Сите луѓе се смртни. 3. Што предизвикува, причинува смрт, што е смртоносен. Смртен удар. Смртна опасност. Смртни рани. 4. (прен.) Што е многу силен, што е во краен, највисок степен на своето пројавување, интензитет, состојба. Смртен страв. Смртна омраза. Смртна досада. 5. Како им. тој што е смртен. Живееше како секој смртен. ◊ Смртен грев ‒ (црков.) 1. грев што не може да се искупи; 2. голем порок, недостаток, постапка што не може да се прости. Смртна казна/пресуда ‒ (прав.) најтешка казна или пресуда со која осудениот се лишува од живот. Смртен непријател ‒ опасен непријател. Е на смртна постела ‒ сп. постела. ‖ смртно прил. Смртно ранет. Смртно вљубен.