смрзне
Значење на смрзне:
1. За течности ‒ мине во цврста состојба, стане мраз; замрзне Водата во шишето смрзнала.
2. За поток, река и сл. ‒ фати мраз, се покрие со мраз; замрзне 2. Смрзнаа реките и потоците.
3. Измрзне, изѕемне, се вкочани од студ; замрзне 3. Смрзнав додека дојдов до дома. Им смрзнаа рацете на децата.
4. а) Умре од студ, замрзне. Старицата смрзнала во колибата. Ноќеска смрзнаа цвеќињата во ходникот. б) Умртви некој дел од телото од студ. Во војната му смрзнаа прстите на нозете.
5. а) Направи нешто да се замрзне. Месото го смрзнаа да не се расипе. б) Направи да му студи некому, да измрзне. Газдата нè смрзна без парно.
6. (прен.) Стане неподвижен, вкочанет од страв, возбуда и сл. Децата смрзнаа кога разбраа дека ќе прават тест.
Конјугација: (ќе) смрзнеа , (ќе) смрзнев , (ќе) смрзнел, смрзнаа , смрзнав , смрзнал , смрзнат , смрзнат , смрзнете , смрзни .
Изведени зборови:
- се ~ смрзне, 1. Се замрзне, умре од студ. Старицата се смрзнала вчера. Леандерот се смрзна оваа зима. 2. сп. смрзне 3. Се смрзнав на работа зашто немаме парно. 3. (прен.) Се исплаши. Се смрзнав кога го видов пред мене.
- (се) смрзнува, глаг. несв. (се) смрзнуваат
- смрзнување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ми (ти,..) смрзна крвта во жилите/Здивот ми (ти, му...) смрзна ‒ премногу се исплаши.
Оригинални податоци:
смрзне, смрзнат; смрзни, смрзнете; смрзнав, смрзнаа; смрзнал; смрзнат; (ќе) смрзнев, (ќе) смрзнеа; (ќе) смрзнел св. 1. За течности ‒ мине во цврста состојба, стане мраз; сп. замрзне 1. Водата во шишето смрзнала. 2. За поток, река и сл. ‒ фати мраз, се покрие со мраз; сп. замрзне 2. Смрзнаа реките и потоците. 3. Измрзне, изѕемне, се вкочани од студ; сп. замрзне 3. Смрзнав додека дојдов до дома. Им смрзнаа рацете на децата. 4. а) Умре од студ, замрзне. Старицата смрзнала во колибата. Ноќеска смрзнаа цвеќињата во ходникот. б) Умртви некој дел од телото од студ. Во војната му смрзнаа прстите на нозете. 5. а) Направи нешто да се замрзне. Месото го смрзнаа да не се расипе. б) Направи да му студи некому, да измрзне. Газдата нè смрзна без парно. 6. (прен.) Стане неподвижен, вкочанет од страв, возбуда и сл. Децата смрзнаа кога разбраа дека ќе прават тест. ● се ~ 1. Се замрзне, умре од студ. Старицата се смрзнала вчера. Леандерот се смрзна оваа зима. 2. сп. смрзне 3. Се смрзнав на работа зашто немаме парно. 3. (прен.) Се исплаши. Се смрзнав кога го видов пред мене. ◊ Ми (ти,..) смрзна крвта во жилите/Здивот ми (ти, му...) смрзна ‒ премногу се исплаши. ‖ (се) смрзнува, (се) смрзнуваат несв. ‖ глаг. им. смрзнување ср.