снајде

Глагол, свршен

Значење на снајде:

Погоди, се случи некому, обично, нешто лошо. Го снајде голема несреќа. Ја снајде лоша судбина.

Конјугација: (ќе) се снајдеа , (ќе) се снајдев , (ќе) се снашол, се снајдоа , се снајдов , се снашол , снајдат , снајдете се , снајди се .

Изведени зборови:

  • се ~ снајде, 1. Се приспособи, успее да излезе од тешка состојба. Брзо се снајде во новата средина. Добро се снашол во новата фирма. 2. Се ориентира. Возачот не можеше да се снајде во големиот град. Се снајдов некако и излегов од непознатата улица.
  • (се) снајдува, глаг. несв. (се) снајдуваат--(се) снаоѓа, (се) снаоѓаат

Оригинални податоци:

снајде, снајдат; снајди се, снајдете се; се снајдов, се снајдоа; се снашол; (ќе) се снајдев, (ќе) се снајдеа; (ќе) се снашол св. (само во 3 л.) Погоди, се случи некому, обично, нешто лошо. Го снајде голема несреќа. Ја снајде лоша судбина. ● се ~ 1. Се приспособи, успее да излезе од тешка состојба. Брзо се снајде во новата средина. Добро се снашол во новата фирма. 2. Се ориентира. Возачот не можеше да се снајде во големиот град. Се снајдов некако и излегов од непознатата улица. ‖ (се) снајдува, (се) снајдуваат/(се) снаоѓа, (се) снаоѓаат несв. ‖ глаг. им. снајдување/снаоѓање ср.