сними

Глагол, свршен

Значење на сними:

1. Забележи со средствата за фотографирање, фотографира. Го сними езерото на зајдисонце. Ги сними децата.

2. а) Направи филм, забележи на филмска лента. Филмот го снимија со најсовремена техника. Првиот филм го сними како гимназијалец. б) Одигра улога во филм. Во текот на кариерата сними многу филмови.

3. Пресними, стави на лента. Го снимив филмот што синоќа се емитуваше на телевизија. Концертот го сними на видеолента.

4. Направи магнетофонска снимка, забележи на магнетофон и сл. само звук, глас. Тие го снимија нашиот разговор. Радио Скопје ги сними првите народни песни. Таа ја сними првата плоча.

5. Направи рендгенска снимка. Татко му го снимија на рендген, но ништо не му најдоа.

6. Заштити документ при работа со компјутер. Го снимам секој документ на дискета. Ја снимив најновата антивирусна програма.

7. (прен., разг.) Будно следи нешто; тајно, премногу внимава што се случува, зборува и сл. Сè снима што се случува. Тој молчи и снима што се зборува.

Конјугација: снимат.

Изведени зборови:

  • се ~ сними, 1. Се фотографира. Се снимивме со неговиот апарат. 2. Си направи снимки со камера. Се снимавме за роденденот на брат ми со мојата камера. 3. Си направи рендгенска снимка. Два пати се снимаше на рендген. 4. Се забележи на магнетофон. Можеше да се сними и да се чуе.

Оригинални податоци:

сними, снимат св. 1. Забележи со средствата за фотографирање, фотографира. Го сними езерото на зајдисонце. Ги сними децата. 2. а) Направи филм, забележи на филмска лента. Филмот го снимија со најсовремена техника. Првиот филм го сними како гимназијалец. б) Одигра улога во филм. Во текот на кариерата сними многу филмови. 3. Пресними, стави на лента. Го снимив филмот што синоќа се емитуваше на телевизија. Концертот го сними на видеолента. 4. Направи магнетофонска снимка, забележи на магнетофон и сл. само звук, глас. Тие го снимија нашиот разговор. Радио Скопје ги сними првите народни песни. Таа ја сними првата плоча. 5. Направи рендгенска снимка. Татко му го снимија на рендген, но ништо не му најдоа. 6. Заштити документ при работа со компјутер. Го снимам секој документ на дискета. Ја снимив најновата антивирусна програма. 7. (прен., разг.) Будно следи нешто; тајно, премногу внимава што се случува, зборува и сл. Сè снима што се случува. Тој молчи и снима што се зборува. ● се ~ 1. Се фотографира. Се снимивме со неговиот апарат. 2. Си направи снимки со камера. Се снимавме за роденденот на брат ми со мојата камера. 3. Си направи рендгенска снимка. Два пати се снимаше на рендген. 4. Се забележи на магнетофон. Можеше да се сними и да се чуе.